Фудбалската репрезентација на Австрија, нашиот прв ривал на Европското првенство, загуби од Англија со 1-0 на пријателскиот натпревар во Мидлсборо. Стрелец на погодокот за гордиот Албион беше Бакајо Сака во 57.минута. Австријците имаа неколку одлични шанси, Сабицер ја погоди гредата, а во финишот и Грегорич имаше убава можност за израмнување.

Холандија одигра 2-2 против Шкотска во Фаро. Џек Хендри ги доведе Шкотланѓаните во водство во 11.минута, но израмни Мемфис Депај само шест минути подоцна. Шкотска повторно имаше предност со голот на Кевин Нисбет во 64.минута, а Депај не дозволи пораз за Холандија и израмни во 89.минута.

Карим Бензема се врати во дресот на Франција и не реализира пенал во 27.минута. „Триколорите“ славеа со 3-0 против Велс. Мбапе погоди во 30.минута, Антоан Гризман зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел, а Осман Дембеле го постави конечниот епилог.
Германија ремизираше против Данска (1-1). Нојхаус ги доведе Германците во водство, а израмни Полсен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













