Фудбалската репрезентација на Австрија во Скопје ќе допатува без ѕвездата на Баерн Минхех, Давид Алаба. Тој заработил повреда на бутниот мускул на левата нога на мечот против Словенија во петокот и по деталните лекарски прегледи е проценето дека не е способен за настап. Алаба веќе ја напуштил базата на австриската селекција.
Селекторот Франко Фода ќе допатува со 22 фудбалери. Централниот дефанзивец Мартин Хинтерегер исто така е повреден, се жали на болки во грбот. Тој беше стартер на мечот против Словенија (1-0) на централната стоперска позиција заедно со Александар Драговиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski