Лидерот Вардар го совлада Борец на гости во Велес со 0-1 и му го нанесе првиот пораз на велешкиот прволигаш на домашен терен по една и пол година. Стрелец на победничкиот гол беше Даниел Аврамовски во 33.минута кој продолжува голгетерски како што ја заокружи и претходната есен. Вардар има двоцифрена предност (11 бода) во однос на Шкендија, која утре му гостува на Силекс во Кратово.
Вардар стигна до водство во 33.минута. Али Адем го проигра Цветановски, тој шутираше кон голот, но во последен момент беше поставен блок, а на одбиената топка натрча Даниел Аврамовски и ја спроведе во мрежата.
Борец се обиде да возврати преку Прелчец, но голот не беше признат, а во завршницата Аврамовски имаше шанса и за втор гол, но не беше прецизен.
Вардар ја забележа и втората победа во пролетниот дел од сезоната и го чува врвот со 42 бода.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













