Веќе трет ден младинскиот репрезентативец Кристијан Ацковски, кој пристигна од Работнички, е дел од стартните подготовки на Брегалница за пролетниот дел од шампионатот. И не ги крие имперсиите од условите за работа кои нудат „сините“.
Ацковски, споделувајќи ги првите свои впечатоци по пристигнувањето, вели дека очекува свој максимален придонес за остварување на целите и амбициите на клубот сезонава.
„Мора да нагласам дека сум изненаден од максимално професионалните услови за работа кои ги нуди клубот, како ретко кој друг клуб во Македонија. Навистина сум среќен што дојдов во Брегалница, клуб со долга традиција но и клуб со големи амбиции сезонава. Кога пристигна понудата воопшто не размислував, затоа што и моја желба беше да играм во синиот дрес“ – вели Ацковски, притоа дополнувајќи:
„Со дел од фудбалерите добро се познавам. Верувам дека нема да ги разочарам навивачите на Брегалница, ќе ја оправдам довербата на раководството и стручниот штаб кои ме ангажираа и ќе помогнам Брегалница да се врати таму каде што и местото, во Првата лига“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













