Connect with us

Атлетико Мадрид се откажа од Лаутаро Мартинез, сега го сака Луис Мјуриел

Атлетико Мадрид се чини дека се откажа од купувањето на Лаутаро Мартинез од Интер. „Нероаѕурите“ можеби се подготвени да го остават еден од најдобрите играчи во тимот и следната сезона, а шпанскиот клуб се насочи кон друга цел.


Според „Калчомеркато“, Диего Симеоне се свртел кон алтернативно решение. Клубот од Мадрид и нуди 15 милиони евра на Аталанта за Луис Мјуриел.

Колумбиецот има договор со Аталанта до летото 2023 година, а челниците на тимот од Бергамо бараат 20 милиони европски банкноти за да го дозволат трансферот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови