Connect with us

Атлетико Мадрид го продава Родриго де Пол

Атлетико Мадрид сака да се ослободи од аргентинскиот играч за врска Родриго де Пол, пишува „Марка“. Еден од хероите на Светското првенство во Катар не пристигна во клубот во добра состојба. Официјално, тој е повреден, но се чини дека последиците од повеќедневната прослава на титулата светски првак премногу влијаеле на него.


Де Пол и досега не играше за клубот на нивото на кое настапуваше за репрезентацијата на Аргентина. Тој беше отворено критикуван од навивачите на Атлетико Мадрид, кои го исвиркаа на домашниот стадион кога излезе со златниот медал.

За 28-годишниот Аргентинец наводно се заинтересирани Јувентус и Милан. Атлетико го донесе пред година и пол за 35 милиони евра од Удинезе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови