Connect with us

Атлетико ја одбил понудата на Јувентус за Мората

Италијанскиот калчолигаш Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена, тврди „Тутоспорт“. Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра.

Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудија 20 милиони, но добија негативен одговор.


Јувентус веќе му плати на Атлетико Мадрид 20 милиони евра за позајмица во изминатите две сезони.

За шпанскиот репрезентативец е заинтересирана и Барселона, иако таму приоритет е ангажманот на Роберт Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови