Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на Арената „Тодор Проески“ ја пречекува Летонија во петтиот натпревар од Лигата на нации. Целта е да се потврди првото место во групата со две победи, против Летонците, но и три дена подоцна против Фарски Острови.
Фудбалерите се максимално мотивирани да ја продолжат победничката серија од минатиот мини-циклус, тоа го потврдува и изјавата на Јани Атанасов дадена на синоќешниот официјален тренинг.
„Максимално сме мотивирани и среќни што повторно ќе играме пред нашата публика. Првиот ривал ни е Летонија, која ни даде солиден отпор во Рига, иако можеби победивме убедливо. Сепак, знаеме што треба да направиме и во напад и во одбрана, добивме инструкции од селекторот и ќе се обидеме да ги спроведеме на терен. Веруваме во две нови победи“, изјави Јани Атанасов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













