
Аталанта направи потег што ретко кој го очекуваше – за нов тренер на клубот е назначен Хрватот Иван Јуриќ, кој ќе го наследи Џампјеро Гасперини на клупата на тимот од Бергамо.
По заминувањето на Гасперини, кој го презеде тимот на Рома по историскиот успех со Аталанта, раководството започна разговори со неколку кандидати. Во финалниот круг се најдоа тројца, Тијаго Мота, Рафаеле Паладино и Иван Јуриќ. И покрај тоа што конкурентите имаа посилни резултати во поново време, изборот падна на тренерот кој важи за фанатик за интензивен фудбал со висок пресинг.
Јуриќ не блескаше во последните ангажмани – неговата авантура во Саутемптон заврши неславно, откако издржа само неколку месеци и беше отпуштен со лоша репутација. Слични проблеми го следеа и на претходните позиции, каде тешко задржуваше конзистентност и резултати.
Но, во Бергамо гледаат нешто повеќе од статистиката. Раководството верува дека стилскиот профил на Јуриќ – базиран на интензивен пресинг, тактичка строгост и железна дисциплина – е природно продолжение на фудбалската филозофија што Гасперини ја всади во тимот последната деценија. Токму затоа, хрватскиот тренер доби доверба и двегодишен договор со годишна плата од 2,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа

Втора лига
Каланоски го засили второлигашот Охрид
