Connect with us

Астон Вила го слави Марко Асенсио (ВИДЕО)

Астон Вила со пресврт извојува голема победа од 2-1 против Челси во дербито од 26. коло на Премиер – лигата, благодарение на двата гола на Марко Асенсио. Шпанецот почна да ја оправдува инвестицијата, а домаќините остварија пресврт по грубата грешка на голманот Филип Јоргенсен.

Челси го отвори резултатот рано, кога Педро Нето проби по десната страна и асистираше до Енцо Фернандез, кој во деветрара минута го совлада својот сонародник Емилијано Мартинез за 0-1. Вила реагираше со целосна офанзива, но и покрај шансите на Асенсио, Тилеманс и Воткинс, на паузата „сините“ имаа минимално водство.

Во вториот дел, гостите имаа нова шанса преку Нето, но Мартинез одбрани. Пресвртот започна во 57. минута, кога Челси направи грешка во поставувањето на офсајд-стапица, а Асенсио израмни на 1-1 по асистенција на Рашфорд. Палмер во 70. минута имаше можност да го врати водството за Челси, но шутираше над голот.

Во финишот, резервистот Мален во 88. минута пропушти одлична шанса за Вила, а голманот Јоргенсен одбрани. Сепак, младиот Данец направи клучна грешка по корнер, кога не успеа да ја задржи топката по шутот на Асенсио, дозволувајќи му да го постигне победничкиот гол за 2-1.

Со оваа победа, Вила се доближи на само еден бод до Челси, дополнително разгорувајќи ја битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови