Connect with us

Ашраф Хакими е избран за најдобар фудбалер во Африка

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и член на мароканската репрезентација, Ашраф Хакими, беше прогласен за најдобар африкански играч во 2025 година, надминувајќи ги Мохамед Салах и Виктор Осимен во трката за наградата.

Со ПСЖ, Хакими оствари неверојатна сезона, освојувајќи тројна круна – првенство, Куп на Франција и европска титула, а имаше и значајни успеси со репрезентацијата на Мароко.

„Ова е огромна чест за мене. Горди сум што ја претставувам Мароко, имав одлична сезона со ПСЖ и се надевам дека ќе продолжам со истите успеси и во 2026 година. Оваа награда ја делам со моите соиграчи од клубот и репрезентацијата“, рече Хакими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови