Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, тврди шпанскиот весник „АС“ од свои извори. Наводно, неговиот татко Алф Инге Халанд го известил извршниот директор Хозе Анхел Санчез дека Ерлинг мечтае да го носи дресот на „кралскиот клуб“.
Агентот Мино Раиола и таткото Алф Инге Халанд тргнаа во обиколка на најголемите европски клубови за да видат каде постои најголемо расположение за трансферот на одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд. Но, излезе и информација дека трансферот вкупно ќе чини околу 160 милиони евра, што во оваа ситуација на глобална криза не би можеле да си дозволат дури и најбогатите европски клубови.
Барселона, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, се во трката за Ерлинг Халанд, но „кралскиот клуб“ истакнал намера да разреши се директно со раководството на Борусија Дортмунд. Германскиот клуб смета дека може да добие голема отштета ова лето, но Реал Мадрид посакува да донесе уште една голема ѕвезда во нападот, Килијан Мбапе од ПСЖ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski