Тренерот на Арсенал, Микел Артета, тврди дека позајмениот фудбалер на Реал Мадрид, Мартин Одегард ужива во животот во северен Лондон.
„Нашиот договор со него е до крајот на сезоната, но ние му дозволуваме да игра, да се развива и да биде колку што е можно повеќе среќен”, изјави Артета за “Мундо Депортиво”. “Разговарам со него секој ден, го гледам како се однесува и ми делува дека е многу среќен овде”.
Се шпекулира дека иднината на 22-годишниот фудбалер ќе остане непозната и летово бидејќи тој треба да се врати во Шпанија. Сепак, Артета најверојатно ќе прати понуда за негово повторно доаѓање во Англија.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












