Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја презеде целосната вина за поразот од Вест Хем со 3-1 во Карабао купот. „Топчиите“ беа елиминирани во осминафиналето, а шпанскиот стратег направи неколку измени во стартниот состав. Сепак, се тргна наопаку по автоголот на Бен Вајт, со кој „чеканите“ поведоа.
„Многу сум разочаран. Моја е вината, испаднавме од Лига купот, сакавме да играме на поинаков начин и да се бориме“, изјави менаџерот на Арсенал по натпреварот.
„Натпреварот отиде во таа насока поради првиот гол, но мора да направиме многу повеќе за да ја заслужиме победата“, додаде тој.
„Разочаран сум од себе, сакав да играме поинаку, но на крајот не успеавме. Секој пораз боли. Мораме да го искористиме за да се подготвиме најдобро што можеме за Њукасл в сабота”, истакна Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













