Македонскиот претставник Шкупи е елиминиран од Левски откако го загуби и вториот натпревар (1-0) од двомечот во Конференциската лига. Тренерот Џихат Арслан, на прес-конференцијата по натпреварот го изрази своето задоволство од играта на тимот и покрај тоа што прими гол во 101. минута. Стрелец беше Марин Петков.
„Во секој случај, натпреварот беше важен за двата тима. Но, ние отидовме во Софија со негатива од 0-2 поради поразот во Скопје и се обидовме да им објасниме на играчите дека сѐ е можно и покрај јасната идеја дека нѐ очекува силен противник. Се обидовме да ги бодриме, но на крајот не успеавме да го изненадиме Левски. Мислам дека успеавме да се избориме до крај. Но не и да постигнеме резултат што го посакувавме“, истакна турскиот стратег на кормилото на Шкупи.
„Во последните 15 минути бевме подобриот тим на теренот, имавме 2-3 добри шанси за гол, но не ги реализиравме. На крајот, сакам да му честитам на Левски за победата и да им посакам успех во следната фаза од натпреварот“, изјави Џихат Арслан.
Шкупи сега се фокусира на стартот на сезоната во Првата лига, в понеделник го очекува дуел со Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski