
Воведниот натпревар од 9. коло во првенството ни носи интересен дуел меѓу Македонија Ѓ.П и Арсими што ќе се одигра во Скопје на стадионот на Ѓорче Петров.
Во овој дуел двете екипи влегуваат со различни цели. Македонија Ѓ.П сака што побргу да го заборави поразот против Тиквеш и да се врати на победничките патеки додека Арсими по заслужената победа над Шкупи, е максимално мотивиран да продолжи во ист ритам и да ја потврди својата подобра форма.
Атмосферата кај гостите e полна со ентузијазам и зголемена самодоверба. Еден од искусните фудбалери на Арсими, Шефит Шефити, ја потенцира важноста на последниот успех и неговото влијание врз тимот
“Победата против Шкупи беше многу значајна за нас. Ни даде нова енергија и висока мотивација. Сега сме многу послободни психолошки и максимално концентрирани за натпреварот што следува. Тој додаде дека позитивната атмосфера е голем поттик за играчите, но воедно и обврска да покажат стабилност и континуитет.
Говорејќи за противникот, Шефити продолжи:
“Македонија Ѓ.П е квалитетен тим, со искуство и секогаш тежок на свој терен. Сепак, ние напорно работевме цела недела на тренинзите и веруваме дека можеме да прикажеме силна игра. Нашата цел е јасна да освоиме позитивен резултат и да ја продолжиме нашата позитивна серија”
Натпреварот Македонија Ѓ.П-Арсими се игра денес во стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 15:00 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 минимално поразена од Словачка
