Македонија ЃП и Арсими ќе го отворат деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига со натпреварот што ќе се одигра во Скопје.
„Лавовите“ од Ѓорче Петров имаа тежок распоред на стартот, губејќи три средби по ред од Струга, Шкендија и Силекс, но се препородија откако го совладаа Љуботен во натпревар за Купот со 14:0, по што уследија и победите во лигата над Пелистер, АП Брера и Шкупи. Во осум првенствени мечеви ниту еден нивни натпревар не завршил со нерешен резултат.
Одбраната на тимот не функционираше на исто ниво во последниот дуел со Тиквеш, каде мрежата на Ристо Јанков два пати беше затресена, па на домашниот тим му е јасно дека мора да има корекции во играта бидејќи Арсими има ефикасен напад и засега подобра гол разлика.
Овие две екипи се сретнаа минатата сезона во Втората македонска фудбалска лига, при што Македонија ЃП славеше минимално со 1:0 на домашен терен, додека во реваншот играа нерешено 0:0. Претходно имаа само еден дуел во рамки на Купот, кој го доби Македонија ЃП со 4:3.
Дуелот на двете екипи кои бараат приклучок кон средината на табелата започнува во 15 часот, а ќе се игра на теренот во Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













