Connect with us

Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Лондонскиот гигант Арсенал го стави Ентони Гордон од Њукасл на листата на потенцијални засилувања за летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми. Според информации од „Football Insider“, менаџерот Микел Артета е импресиониран од формата на 24-годишниот крилен напаач и верува дека тој може да донесе брзина, агресија и креативност на крилните позиции.

Гордон има одлична сезона во дресот на „чавките“, со девет постигнати голови и седум асистенции, и веќе подолго време е на радарот и на Ливерпул. Но, сега Арсенал е тимот кој најсилно притиска за негов ангажман.

Њукасл нема намера да се раздели со Гордон, но ситуацијата може да се промени поради финансискиот притисок под кој се наоѓа клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови