Connect with us

Арсенал понуди 70 милиони евра за Душан Влаховиќ

Англискиот премиерлигаш Арсенал направи конкретен чекор во трката за ангажман на српскиот интернационалец Душан Влаховиќ. Раководството на „топчиите“ испрати понуда од 70 милиони евра до Фиорентина за реализација на трансферот.


Менаџерот Микел Артета потенцираше дека верува како најдобрите фудбалери би сакале да пристигнат на „Емирати“ затоа што клубот има визија да биде во самиот врв на англискиот фудбал.

Одличниот српски напаѓач сака плата од 300.000 фунти неделно и дополнителни 15 милиони фунти за потпишување на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови