
Арсенал продолжува со активните обиди да го доведе бразилскиот интернационалец Родриго од Реал Мадрид, јавува „Скај Спортс“. Назначувањето на Чаби Алонсо за нов тренер на „кралевите“ создава неизвесност околу статусот на некои играчи, меѓу кои и 23-годишниот Родриго, чија улога во новата тактичка поставеност е неизвесна.
Иако Родриго не побарал официјално трансфер, Арсенал е еден од клубовите кои внимателно ја следат ситуацијата. Менаџерот Микел Артета бара искусен и квалитетен офанзивец на крилните позиции кој ќе му даде дополнителна сила на нападот во битката за титула во Премиер – лигата и подобри резултати во Европа.
Се очекува следната недела Родриго да има разговор со Чаби Алонсо за да добие јасна претстава за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. Ако не добие гаранции за клучна улога, заминувањето од Реал Мадрид би можело да стане реалност.
Покрај Родриго, Арсенал разгледува и други опции како Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, Лирој Сане од Баерн Минхен и Морган Роџерс од Астон Вила, но бразилскиот играч останува најголема желба на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
