
Интересот на лондонскиот гигант Арсенал за Виктор Ѓокереш одамна е познат, но сега добива и поофицијални димензии. Според „CNN Portugal“, а потврдено и од „A Bola“, менаџерот на напаѓачот се сретнал со раководството на „топчиите“. И покрај интересот за Бењамин Шешко, Арсенал во Швеѓанецот гледа алтернативна опција и затоа одржал средба со неговиот агент за да се разговара за можна понуда до Спортинг.
Ѓокереш, кој постојано ја изразува својата желба да игра во Премиер – лигата, со оптимизам гледа на евентуален трансфер во Арсенал и внимателно ја следи ситуацијата. Засега нема официјални преговори со Спортинг, но се очекува понуда до „лавовите“ во наредните часови.
За шведскиот репрезентативец, Арсенал претставува приоритетна дестинација.
Ситуацијата се следи со голем интерес и од уште два клуба. Манчестер Јунајтед, кој веќе има направено неколку обиди да го ангажира фудбалерот, сè уште не се откажал, при што менаџерот Рубен Аморим има клучна улога во преговорите. Италијанскиот гигант Јувентус исто така е меѓу сериозните кандидати за потписот на Швеѓанецот.
По шпекулациите за можниот трансфер, претседателот на Спортинг, Фредерико Варандаш, изјави дека нема да се раздели со Ѓокереш за сума помала од 60 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси. Заинтересираните клубови веќе собираат информации од агентите на играчот за да подготват официјална понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
