Connect with us

Арсенал ја доби битката со Реал за потписот на Зубименди

Англискиот вицешампион Арсенал постигна начелен договор за трансфер на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Според информациите, шпанскиот играч од средниот ред веќе дал устмена согласност да потпише долгорочен договор со лондонскиот клуб.

Се очекува во наредните денови да бидат преземени официјални чекори за активирање на неговата откупна клаузула од 60 милиони евра. Со финализирање на договорот, Зубименди ќе стане првото ново засилување на Арсенал во претстојната сезона.

За 26-годишниот дефанзивен играч за врска беше заинтересиран и Реал Мадрид, но се чини дека „топчиите“ беа понаметливи во обидите да го привлечат.

Зубименди минатата сезона одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и исто толку асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови