
По еден месец пауза, Лигата на шампионите чекори кон следната фаза, а вечерашната понуда ни носи два квалитетни четвртфинални дуели – Арсенал против Реал Мадрид и Баерн Минхен против Интер.
Со посебен акцент ќе се следи дуелот на „Емирати“ во Лондон, бидејќи и двата тима во домашните првенства се наоѓаат во тешка ситуација во борбата за титулата.
Арсенал има малку шанси за освојување на титулата, а слична е ситуацијата и со Реал Мадрид, па Лигата на шампионите сигурно е натпреварувањето во кое би сакале да направат исчекор.
„Топчиите“ изминатиот викенд одиграа нерешено со Евертон, додека Реал беше поразен од Валенсија на домашен терен, па овој натпревар е добра шанса да се „оправдаат“ за тие неуспеси.
Ова ќе биде прв дуел меѓу двата клуба од 2006 година, кога англискиот клуб успеа да го помине осминафиналето по реми 0-0 во Лондон и победа 1-0 во Мадрид.
Вториот четвртфинален дуел вечерва носи пресметка меѓу две екипи кои се на врвот на своите домашни лиги. Баерн го пречекува Интер на „Алијанц арена“ во Минхен.
Проблем за Баерн е повредата на Џамал Мусијала, а вреди да се напомене дека Баварците во последните два меѓусебни дуела го победија Милан со 2-0 и тоа двапати во групната фаза од 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
