Раководството на Арсенал има изненадувачка трансферна цел во ликот на капитенот на Брентфорд, Кристијан Нергор, пренесуваат медиумите на Островот. Данскиот играч за врска е дел од тимот на „пчелите“ од летото 2019 година и во последните сезони се наметна како еден од најконстантните фудбалери на својата позиција во целата Премиер лига.
Сепак, ваквиот потег би бил неочекуван, со оглед на тоа што на „Емирати“ се очекува наскоро да биде објавено пристигнувањето на Мартин Зубименди, а Микел Артета веќе располага со играчи како Деклан Рајс и Микел Мерино во средниот ред.
И покрај тоа, шпанскиот стратег сака уште едно засилување во срцето на теренот, со цел да ја зголеми конкуренцијата и квалитетот, но и да создаде подобар баланс во составот по заминувањето на Томас Парти, кому му истекува договорот. Арсенал се раздели и со Жоргињо, кој се врати во Бразил.
31-годишниот Нергор е проценет на околу 11 милиони евра и не би претставувал прескапа опција за лондонскиот клуб. Од друга страна, Брентфорд не сака да остане без уште еден важен играч, особено откако се очекува и заминување на Брајан Мбеумо. Само пред една седмица, менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, замина во Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













