Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе го засили тимот со офанзивецот на Порто, Фабио Виеира. За овој трансфер раководството на „топчиите“ ќе плати 35 милиони евра, а дополнителни 5 милиони ќе се врзани со бонуси.
Менаџерот Микел Артета подолг период ги следел игрите на Виеира и побарал од раководните луѓе на Арсенал да го доведат на „Емирати“. Мисијата е успешна, а тој е второ засилување откако во лондонскиот тим пристигна и младиот Бразилец Маркињос од Сао Паоло.
Арсенал ќе мора комплетно да ја реновира напаѓачката линија со оглед дека од Лондон замина Александре Лаказет, а претходно и Пјер-Емерик Обамејанг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













