
Арсенал ги обнови преговорите со играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс. Белгиецот подолг период е на листата на желби на „топчиите“, а сега двете страни ги продолжија разговорите за можен трансфер.
Договорот на 25-годишниот играч од средниот ред истекува на лето, а Арсенал сака што поскоро да се договори со Тилеманс за да ја победи конкуренцијата за неговиот потпис. Интерес за Белгиецот има уште од неколку клубови, меѓу кои Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Реал Мадрид и Јувентус.
Јури Тилеманс беше доведен во Лестер во 2019 година од Монако за 45 милиони евра. Брзо се наметна како важен играч за „лисиците“, со 177 настапи, 28 гола и 25 асистенции за клубот. Тој е и репрезентативец на Белгија со 58 натпревари и пет гола за „црвените ѓаволи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
