Арсенал со многу пот и нерви стигна до победа над Вулверхемптон од 2-1 на „Емирати“, во натпревар во кој бодовите се покажаа далеку потешки од очекуваното, иако гостите важат за најслаба екипа во Премиер – лигата и сериозен кандидат за испаѓање.
„Топчиите“ триумфираа благодарение на два автогола на противникот, во меч во кој сите три погодоци беа постигнати по паузата, а кулминацијата дојде во судиското надополнување. Победата беше извојувана на раб на нервна драма, но може да се покаже како клучна во трката за шампионската титула.
Домаќините уште од стартот ја презедоа иницијативата и првата закана ја испратија во 8. минута, кога Тимбер со удар со глава за малку ќе ја затресеше мрежата. Арсенал ја контролираше играта, но првата сериозна шанса ја имаа „волците“. Хи-Чан Хванг во 27. минута продре и шутираше опасно, но Раја беше сигурен. До крајот на првиот дел, Мартинели имаше уште две добри можности, но резултатот не се менуваше.
Во второто полувреме тимот на Артета ја засили офанзивата. Се редеа обидите на Мартинели и Ѓокереш, додека голманот Џонстон со неколку брилијантни интервенции го држеше Вулверхемптон во живот. Отпорот конечно попушти во 70. минута по корнер на Сака – топката ја погоди стативата, се одби од Џонстон и заврши зад неговиот грб за водство од 1-0.
Кога изгледаше дека Арсенал ќе ја приведе победата мирно, следеше вистинска драма. Во првата минута од судиското продолжение Арокодаре израмни и ја замолкна публиката на „Емирати“.
Сепак, радоста на гостите траеше кратко – само три минути подоцна Москера несреќно си постигна автогол, со што „топчиите“ стигнаа до златна победа и огромни три бода во борбата за врвот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













