
Ливерпул постигна голем успех со ангажирањето на Арне Слот како наследник на Јирген Клоп. Под водство на холандскиот стратег, „црвените“ имаат извонредни резултати оваа сезона.
Во Лигата на шампионите, Ливерпул е единствениот тим со максимални 12 бодови по четири кола, со постигнати десет гола и само еден примен.
Во Премиер – лигата, Ливерпул води на табелата со 28 бодови по 11 кола, пет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.
Пред два дена, Ливерпул на „Енфилд“ ја совлада Астон Вила со 2-0, со головите на Нуњез и на Салах.
Оваа победа донесе нов рекорд во Премиер – лигата.
Арне Слот стана првиот тренер во историјата на лигата кој остварил 15 победи во првите 17 натпревари во сите натпреварувања. Со тоа, го надмина Карло Анчелоти и Жозе Мурињо, кои имале по 14 победи, додека Пеп Гвардиола и Јирген Клоп останаа подолу на листата со само 11, односно девет победи, соодветно.
Сега следи репрезентативна пауза, по која Ливерпул ќе има напорен распоред со натпревари против Саутемптон, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Њукасл и Евертон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените

Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за Хетафе?
