Connect with us

Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја коментираше убедливата победа над Ајнтрахт Франкфурт, потенцирајќи го нејзиното значење за тимот. „Црвените“ славеа со 1-5 и ставија крај на серијата од четири последовни порази.

„Ни беше потребна победа. Уште повеќе, ни требаше натпревар во кој повторно ќе создадеме многу шанси, но овојпат играчите ќе бидат наградени со успех. Токму тоа се случи“, изјави холандскиот стратег.

Ливерпул стави крај на негативната серија со убедлив триумф во Франкфурт.

„Забележав многу сличности со нашите претходни натпревари, бидејќи противникот повторно го искористи првиот шут – можеби единствен за нив на мечот. Но ние направивме пресврт до 1-3, а при таков резултат е многу полесно да го контролираш натпреварот, отколку кога губиш со 0-1 или 1-2“, продолжи Слот.

Слот се осврна и на ситуациите од прекин, кои досега беа проблем за неговиот тим.

„Главната разлика меѓу денешниот натпревар и претходните четири е што во повеќето од нив противниците ни даваа голови од прекини, а овојпат ние постигнавме два на тој начин“, нагласи стратегот.

„Луѓето се фокусираа на бројот на нашите напади во второто полувреме, а не на неточните додавања, какви што сигурно имавме. Но кога водиш со 1-3, односот кон тебе е поинаков“, заврши Слот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови