Connect with us

Арнаутовиќ: Сакаме бодови и од Скопје

Австрија ги освои првите бодови во квалификациите со триумфот (1-0) против Словенија со 1-0, а напаѓачот Марко Арнаутовиќ истакнува дека неговата селекција посакува да продолжи со ’бербата’ и на утрешниот меч во Скопје.

„Освоивме важни три бода против Словенија и сега сакаме да ги дополниме со нови од утрешниот натпревар против Македонија. Максимално сме мотивирани и подготвени за настап. Македонците се квалитетна селекција, играат добро во континуитет веќе подолг период, а ние ќе треба да бидеме и во подобро издание доколку сакаме да стигнеме до успех“, изјави Марко Арнаутовиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови