Connect with us

Аргентинците излегоа на улица: Правда за Марадона ! (ВИДЕО)

Аргентина вечно ќе се сеќава на фудбалското божество Диего Марадона. Тој е идол на многу генерации, а Аргентинците излегоа на улиците протестирајќи за одговорите поврзани со смртта на Марадона. Истрагата која и понатаму е во тек, се уште не ги утврди причините за смртта на Диего Армандо Марадона. Неговите фанови сметаат дека нешто се крие и затоа излегоа на улиците на Буенос Аирес.


На протестот беше поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Виљафане, како и неговите ќерки Далма и Џанина.


Смртта на легендарниот фудбалер ја истражува и обвинителството на областа на Сан Исидро, а под истрага се седум лица, кои според мислењето на семејството на Марадона имаат вина за неговата прерана смрт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови