
Аргентина имаше сигурна предност од 2-0, и веќе се виде во полуфиналето, но Холандија херојски се врати и израмни на 2-2 во 101.минута од натпреварот. Ваут Вегорст беше двоен стрелец, а посебно убав беше израмнувачкиот погодок, откако по слободен удар доби топка во шеснаесетникот и вторпат го надмудри Дамијано Мартинез.
NETHERLANDS 🇳🇱 2-2 🇦🇷 ARGENTINA
— All goals replay (@goalsreplayg) December 9, 2022
⚽ 90+11' Wout Weghorst 🇳🇱#FIFAWorldCuppic.twitter.com/W6NgTgrNiS
Молина во првиот дел донесе водство за Аргентина, по одличната асистенција на Меси, во 35.минута, а потоа капитенот реализираше пенал во 73.минута.
Аргентина сите ја видоа во полуфинале, но Ван Гал ја смени концепцијата, ги внесе двометрашите Лук де Јонг и Ваут Вегорст. Токму Вегорст со удар со глава намали на 2-1 во 83.минута, а потоа и израмни во 101.минута од дуелот.
Мечот сега оди во продолженија…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
