Нема крај на проблемите со тревникот на арената „Тодор Проески“. Треба некој од надлежните да одговара со „глава“, за веројатно да се сфати доволно сериозно проблемот кој максимално сликовито ја претставува во Европа очајната состојба на македонскиот фудбал. Немаме ниту еден подготвен репрезентативен објект за да се играат натпревари на врвно ниво.
Тревникот на арената „Тодор Проески“ постојано се „освежува“, делумно се реновира и никако барем малку да го нуди потребниот квалитет за одигрување фудбалски натпревари. И речиси редовно, во пресрет на репрезентативните активности, нашиот најголем стадион повторно ќе биде затворен за клупски фудбал, а тревникот (кобајаги) ќе се „апдејтува“.
Решението е едно. Тревникот мора да биде комплетно сменет и надлежните да сфатат дека мора да потрошат 400.000 евра за поставување нова тревната подлога. Во спротивно, сите ќе се мачат, а арената ќе биде затворена.
Овојпат одлуката е дека арената „Тодор Проески“ ќе биде затворена и подложена на „третман“ до натпреварот меѓу Македонија и Италија, кој треба, а не се знае дали, ќе се одигра на најголемиот стадион во Скопје на 9.септември.
Откако УЕФА сфати за каков проблем се работи, наложи македонскиот првак Струга Трим Лум да го пречека Есперанж од Луксембург на комплексот на ФФМ, на 10. август со почеток во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













