
Фудбалската федерација на Македонија во периодот е организатор на бројни настани и турнири на кои како федерација e домаќин на 12 различни категории на репрезентации од исто толку држави.
Активностите и натпреварите кои ги организираше ФФМ изминатиов период почнаа со квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 меѓу Македонија и Летонија, потоа организација на развојниот турнир на УЕФА за фудбалери до 16 години на кои учествуваат репрезентациите на Македонија, Грузија, Азербејџан и Саудиска Арабија. Сега следува футсал квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство до 19 години на кој за место на ЕП разигруваме со Белгија, Романија и Украина, ФФМ е домаќин и на два контролни натпревари меѓу репрезентациите на Македонија и Полска до 15 години, како и на развојниот турнир за девојчиња до 16 години на кои учествуваат и селекциите на Норвешка, Грузија и Луксембург. Единствено, репрезентацијата на Македонија до 21 година во овој период своите активности ги извршува надвор од нашата земја, односно Македонија до 21 година е учесник на „Анталија куп“ во Турција заедно со селекциите на Украина, Летонија и Ерменија.
„Секој кој е вклучен во организацијата на овие натпревари и турнири заслужува честитки и пофалба за својата работа и посветеност. Сите кои го сакаат фудбалот можат да уживаат, да видат бројни таленти кои во иднина можеби ќе играат во големи клубови. Вложувањето во генерациите кои доаѓаат е апсолутно нужност за развојот на младите фудбалери. Организацијата на бројни натпревари почнувајќи од најрана возраст е исклучително важно за нас како федерација и навистина е предизвик да бидеме дел од сите овие натпревари во период од две седмици. Младинскиот фудбал не може да дише со „полни гради“ без здрави темели, а ние се обидуваме да го направиме токму тоа – да биде отворен за сите“ – вели Арѓент Беќири, претседател на младинската комисија во Фудбалската федерација на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Лирој Сане

Евро-фудбал
Аморим го посакува Тринкао на „Олд Трафорд“
