Реал Мадрид со 0-1 го совлада Хетафе во малото градско дерби и остана во трка со лидерот Барселона за освојување на титулата во Ла Лига. Натпреварот од 33. коло беше решен уште во првото полувреме со голот на младиот Турчин, Арда Ѓулер, кој уште еднаш ја оправда довербата на Карло Анчелоти.
Голот беше постигнат во 21. минута, кога Ѓулер прецизно стрелаше и го матираше голманот на Хетафе. Иако Реал имаше контрола над играта и неколку обиди да ја удвои предноста, резултатот остана непроменет до крајот.
Во самиот финиш, Хетафе се обиде да стигне до израмнување, но Тибо Куртоа со две извонредни интервенции ја спаси мрежата и му донесе три важни бода на својот тим.
Со оваа победа, Реал Мадрид сега има 72 бода, четири помалку од Барселона, а до крајот на првенството остануваат уште пет кола.
Алавес славеше важна победа од 1-0 во борбата за опстанок против Реал Сосиедад. Стрелец на единствениот погодок беше Нахуел Теналија во 65. минута, што му донесе на тимот три златни бода во драматичниот финиш од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













