Connect with us

Араухо во 93.минута донесе победа за Барселона (ВИДЕО)

Барселона со многу мака ја оправда фаворитската улога и во самиот финиш стигна до победа над Џирона со 2-1 во возбудливото каталонско дерби од деветтото коло во Ла Лига. Херој на „Камп Ноу“ беше дефанзивецот Роналд Араухо, кој во 93. минута ја донесе радоста на домашните фанови.

Џирона одигра извонредно прво полувреме и целосно ја прочита играта на Барса. Иако Педри во 13. минута донесе водство за домаќините, гостите не се предадоа – само седум минути подоцна Аксел Витсел со маестрален удар со ножички израмни на 1-1. До паузата тимот на Мичел имаше уште неколку одлични шанси, но Шчесни го спаси својот тим.

Во вториот дел Барселона го презеде поседот и темпото, но Џирона и натаму беше опасна преку брзите контри. Долго време изгледаше дека натпреварот ќе заврши без победник, сè до 93. минута, кога Араухо најдобро се снајде во шеснаесетникот и донесе голема победа за Барса.

Каталонците со овој триумф ќе заминат со самодоверба кон големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид, но ќе мора да се снаоѓаат без тренерот Ханси Флик, кој доби црвен картон во судиското надополнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови