
Бразилецот Антони беше една од ѕвзедите на летниот преоден рок откако замина од Ајакс во Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 100 милиони евра. Крилниот напаѓач постигна гол во дебито против Арсенал (3-1), а сега за „Sky Sports“ раскажа од каде доаѓа и како живеел како дете.
„Бев скромно момче од фавелата. Немав чевли, ниту спална соба, спиев на каучот“, вели Антони.
„Живеевме во срцето на фавелата. Имаше дилери на дрога на дваесетина метри од мојата куќа. Понекогаш, кога гледавме натпревар во недела, мирисот на марихуана влегуваше во нашата куќа. Имаше моменти кога брат ми, сестра ми и јас се гушкавме, плачевме и размислувавме за нашите животи. Исто така, среде ноќ понекогаш вадевме вода од поплавената куќа, но сепак тоа го правевме со насмевка на лицата“, раскажа Антони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal