Connect with us

Анхел Ди Марија се враќа во Бенфика

Анхел Ди Марија, светскиот шампион со Аргентина, се враќа во Бенфика. Во португалскиот клуб играше од 2007 до 2010 година, го освои тамошното првенство и два купа, а потоа направи трансфер во Реал Мадрид.


Ди Марија имаше понуди и од Саудиска Арабија, како и да му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами, но сака да остане во Европа.


Аргентинецот играше и за Манчестер Јунајтед, а потоа и во Пари Сен Жермен со кој беше петкратен француски шампион. Минатата сезона го носеше дресот на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови