
Англиската Премиер – лига следната сезона ќе влезе во историјата на европскиот фудбал, бидејќи за првпат ќе има шест претставници во Лигата на шампионите. Ова стана возможно благодарение на новите правила на УЕФА и резултатите на англиските клубови во европските натпреварувања оваа сезона.
Како дел од новиот формат на Лигата на шампионите, кој од сезоната 2024/25 брои 36 учесници наместо досегашните 32, УЕФА доделува две дополнителни места секоја сезона на лигите со највисок коефициент. Оваа сезона, тие две места ги добија Англија и Шпанија, со што двете лиги ќе имаат по пет претставници во новоформираната групна фаза.
Но, Англија ќе има дури шест клуба во елитното европско натпреварување затоа што и финалето на Лига Европа донесе таков развој. Во финалето, кое ќе се одигра на 21 мај во Билбао, ќе се соочат Манчестер Јунајтед и Тотенхем – два клуба кои во тековната сезона се далеку од врвот на Премиер – лигата, со тоа што Јунајтед се наоѓа на 15-тата, а Тотенхем на 16-тата позиција.
Со оглед на тоа дека освојувачот на Лига Европа директно обезбедува место во Лигата на шампионите, јасно е дека победникот од ова финале ќе биде шестиот англиски претставник, иако нема шанси да се пласира меѓу најдобрите пет во домашното првенство.
Со тоа, Англија првпат во историјата ќе има шест различни клуба во една сезона на Лигата на шампионите – доказ за доминацијата на Премиер – лигата во европскиот фудбал и уште една потврда за силата и конкурентноста на ова натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
