Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја пречекува Австрија во Скопје и се надева дека ќе оствари позитивен резултат и ќе се рехабилитира за незаслужениот пораз од Полска пред три дена.
Селекторот Игор Ангеловски вели дека нема да менува ништо во приодот, Македонија ќе биде офанзивна и агресивна и на овој меч.
„Австрија негуваат бундеслигашки стил, ја анализиравме нивната игра на последниот меч против Словенија (1-0). Но, многу повеќе сме фокусирани на нашето издание. Стефан Ристовски ќе биде подготвен за игра, со оглед дека се работеше само за грч, додека Елиф Елмас има оток на скочниот зглоб и 70% се изгледите дека нема да може да настапи“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес -конференцијата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski