Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, кој сега е тренер на хрватскиот прволигаш Горица, понудил оставка на позицијата откако неговиот тим загуби со 2-1 на гостувањето кај Локомотива во 14. коло од ХНЛ.
Горица со шест бода од 13 натпревари е на дното на табелата. Ангеловски во Горица пристигна на крајот на август и го наследи Самир Топлак, но во меѓувреме малку работи се променија на резултатски план.
„Од професионална и морална обврска, почувствував дека морам да одам кај претседателот и да му понудам оставка. Претседателот не го прифати тоа и сега се подготвуваме за Хајдук. Се договоривме за некои работи за тоа како можеме да се обидеме да излеземе од ова. Мислам дека можеме, дека играчите треба да ја разберат ситуацијата“, изјави Ангеловски.
„Добро знаеме во каква ситуација се наоѓаме. Натпреварот против Локомотива беше можност да дојдеме до три бода и што побрзо да се израмниме со останатите екипи. За жал, одигравме две различни полувремиња, првото беше доста лошо, а во второто бевме поблиску да го свртиме натпреварот во наша корист, но се случи нивниот втор гол“, истакна тој.
Горица в среда му гостува на Хајдук на „Пољуд“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski