Connect with us

Ангеловски нов тренер на Етникос Ахна – дуел со Јаневски уште во првиот меч

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е назначен за нов шеф на стручниот штаб на кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.

Клубот официјално ја потврди соработката, а со Ангеловски како негов асистент ќе работи и Милан Илиевски, со кого веќе соработуваше во националниот тим на Македонија.

Ангеловски извесен период беше без тренерски ангажман, но сега ќе се обиде да го врати Етникос Ахна во битка за место во европските купови следната сезона. Тимот досега во шампионатот има две победи на пет натпревари.

Дебито на Ангеловски ќе биде токму овој викенд, и тоа во дерби дуел против Красава – клубот што го предводи уште еден наш поранешен селектор, Чеде Јаневски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови