Македонскиот селектор, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за престојните два квалификациски натпревари против Словенија и против Полска за пласман на ЕП 2020, на кој се наоѓаат 23 имиња.
И покрај повредата на списокот е Енис Барди за кого дополнително ќе се утврди дали ќе може да помогне, а повратници во тимот се Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон и Кристијан Тошевски од Вардар. Ќе го нема Дарко Велковски поради повреда.
Списокот е без посериозни промени во однос на претходниот собир, а единствено ќе го нема Кире Маркоски.
„Списокот не е многу променет, го нема Дарко Велковски, а се враќаат Тошевски и Стефан Ристовски. Бејтулаи нема право на настап на првиот меч против Словенија но ќе биде во комбинација за средбата со Полска, а Барди е повреден но ќе го чекаме до последен момент“ – истакна Ангеловски, притоа дополнувајќи:
„Верувам дека тимот ќе го издржи овој мини циклус, уживаме што сме во ситуација да се бориме за позициите горе во групата. Најважно е да сме фокусирани, да го имаме нашето најдобро издание и да оствариме победа. Мислам дека можеме тоа да го оствариме“.
Собирот на репрезентативците е закажан за 7. октомври кога стартуваат подготовките во Скопје.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА И ПОЛСКА:
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













