
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (13 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ го игра првиот од двата пријателски натпревари против Косово. Ова е можност селекторот Драган Канатларовски да го провери капацитетот на новата генерација млади фудбалери.
Матеј Ангелов е еден од оние кои и во изминатиот циклус настапуваше за селекцијата до 21 година и ќе биде еден од лидерите на новата генерација.
„Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме сѐ од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет. Од новата генерација може да се очекува голема сплотеност,натпреварувачки дух и желба за докажување. Сакаме да покажеме голема борба, желба и мотивација на секој натпревар, без разлика на противникот, тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес“, вели Ангелов.
Вториот натпревар меѓу Македонија и Косово ќе одигра на 17 ноември во 12 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации
