
Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, објави дека неговата одлука да се повлече од функцијата воопшто не била лесна, но тоа го направил за да не влијае на одлуките на истрагата поврзани со „старата дама“.
Андреа Ањели го отвори денешното собрание на акционери со краток говор.
„На следниот претседател Фереро и на новиот извршен директор Сканавино му посакувам се најдобро. Ќе дадам дополнителни проценки на состанокот на бордот на директори на 18 јануари“, рече тој.
„Заминувањето од претседателската функција не беше лесна одлука за мене. Покрај тоа што го сакам Јуве, работев напорно за да ги постигнам извонредните резултати во последните години, и на теренот и надвор од него“, дополни Ањели.
Тој поднесе оставка на 28 ноември заедно со остатокот од бордот на директори, вклучувајќи ги и потпретседателот Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене. Новите членови на одборот беа именувани вчера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
