
Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, би можел да го засили Челси. Украинскиот голман блескаше во изминатата сезона во отсуство на повредениот Тибо Куртоа, но и покрај тоа, Белгиецот по опоравувањето ја доби шансата во финалето на Лигата на шампионите.
Лунин сакаше поголема минутажа и улога пред новата сезона, а бидејќи Реал Мадрид не можеше да му го гарантира тоа, Украинецот реши да ги разгледа понудите.
Една таква пристигна од Челси, со кој наводно ги договорил личните услови. Воедно, сигурно доби и гаранции дека ќе биде прв голман, па останува да видиме дали ќе си замине Роберт Санчез или Ѓорѓе Петровиќ, кој минатата сезона беше прв чувар на мрежата под водство на Маурисио Покетино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените

Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за Хетафе?
