Италијанскиот стратег Карло Анчелоти се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и потпиша договор со Реал Мадрид до 2024 година. По заминувањето на Зинедин Зидан, претседателот Флорентино Перез му се јави на својот добар пријател, а Анчелоти го раскина договорот со Евертон за да се врати повторно меѓу „кралевите“.
„Драго ми е што ги гледам истите лица. Во Реал Мадрид се менуваат тренери и фудбалери, но новинарите – не. Сите сте тука и знам дека морам да бидам добар со вас, оти лошо ми се пишува“, се пошегува Карло Анчелоти на почетокот.
Најави дека клубот ќе донесе одлука за капитенот Серхио Рамос, а тој ќе им даде нова шанса на сите фудбалери.
„Само што допатував, не сум разговарал ниту со Серхио Рамос, само на кусо се видов и со претседателот Флорентино Перез. Знам дека следната сезона повторно ќе се бори за сите трофеи и дека ќе имаме еден тим составен од искусни и млади фудбалери. Ќе им дадам нова шанса на сите, Иско, Марсело, Бејл….знам дека тоа ќе ме прашате. Би сакал на раководството да му се заблагодарам на новата можност, а исто така и на Евертон што ми излезе во пресрет“, изјави италијанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal