Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше воодушевен од победата над Мајорка од 0-1. Тој рече дека тоа е важна победа која го доближува неговиот тим до титулата.
Стратегот сепак имаше забелешки за своите играчи, особено за нивниот настап во првото полувреме.
„Натпреварот помина како што очекувавме. Мајорка секогаш игра со голема посветеност. Во првото полувреме не игравме добро, делувавме премногу бавно. Второто полувреме беше многу подобро. Тоа беше важна победа која не приближува до титулата. Ние сме во добра серија и сега е време да размислиме за среда, ќе имаме доволно време да се опоравиме“, смета Анчелоти.
„Тимот игра солидно и покажува константност во настапите… Не секогаш играме добро, но секогаш се бориме до крај. Тоа е добро. Сите зборуваат за квалитетот на играта, вистина е дека имаме тим од одлична класа, но понекогаш кога класата е толку голема, потешко е да се испорача. Треба да ги бараме сите можности да не ја губиме лесно топката, бидејќи кога тоа ќе се случи станува потешко“, изјави Италијанецот.
Реал Мадрид сега го очекува реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите на „Итихад“ против Манчестер Сити, а следниот викенд се игра „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski