Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изрази уверување дека утрешното Ел Класико против Барселона ќе биде само почеток во ривалството што и оваа сезона ќе го имаат двата тима во различни натпреварувања. Исто така, италијанскиот стратег потврди дека ѕвездата на „кралевите“, Џуд Белингам, е целосно подготвен за пресметката со Каталонците.
„Тимот е мотивиран, претстои важен и посебен натпревар. Ова ќе биде прво Ел Класико сезонава, но ќе има уште, за Суперкупот, реваншот, за Купот, во Лигата на шампионите… Има толку многу можности за повторно средба, па имам чувство дека утрешното издание ќе биде само прво во текот на сезоната. Белингам ќе игра утре бидејќи е добар и се опорави. Нема потреба да му објаснувам за Ел Класико. Сите знаат за тоа, тоа е светски познат меч. Овој дуел е многу важен, но сезоната е долга и премногу е да се каже дека само овој ќе го реши шампионатот“, вели Карло Анчелоти.
„Барселона е одличен тим, не само во нападот, туку и во одбраната. Во оваа сезона во нивниот тим влегоа млади момчиња со големи квалитети. Ја очекуваме вообичаената Барса. Фермин Лопес и Ламин Јамал се многу добри, но и ние маме исклучителни млади играчи како Белингам, Чуамени, Камавинга. Верувам дека нѐ очекува одличен натпревар и ние сме максималнои подготвени за надигрување“, истакна тренерот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













