Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, одлучи да не го повика напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, за претстојните натпревари од јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026, пренесува „О’Глобо“.
Според изворот, стручниот штаб планира да му даде одмор на играчот за дуелот со Боливија, бидејќи Винисиус доби втор жолт картон во натпреварот против Парагвај во јуни и е суспендиран за мечот со Чиле.
Анчелоти смета дека периодот на одмор ќе му биде од голема корист. Официјалниот список со повикани фудбалери ќе биде објавен на почетокот на следната недела.
Бразилците на 5 септември ќе бидат домаќини на Чиле, а пет дена подоцна, на 10 септември, ќе гостуваат кај Боливија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













